Skopje Green Route е апликација која нема! да го направи Скопје позелен град

Avatar img-thumbnail img-circle

во Статии

Skopje Green Route е нова апликација од Град Скопје, изработена од ФИНКИ, која треба да го мотивира возењето велосипед и пешачењето како „најкраткиот, најекономичниот и најеколошкиот“ начин за движење низ градот. Алтернативното име, „Патувај зелено“, ја демонстрира целта на оваа апликација која, за жал, нема да помогне Скопје да стане „позелен“ град.

Проблемите не се решаваат со мобилна апликација која не е „иновативна“ како што беше промовирана од градот Скопје. Напротив. Нема никакви подобри новини од тоа што го има како алатка во Google Maps. Moжноста да добиете дирекции до одбраната локација, да се прошетате или одвезето до неа се веќе достапни на Google Maps и куп други апликации. Всушност на Патувај Зелено и фали опција за внесување на адреси, што е всушност клучно ако користите мапи.

На прв поглед изгледа корисно функцијата на Skopje Green Route да ги покажува велосипедските патеки низ градот, но истовремено открива нешто поразително. Без долгиот кеј, тие велосипедски патеки се ретки. Дополнително, квалитетот на патеките е позната тема за расправа. Можеби потрошените пари на UNDP би биле покорисни за да се поправат дупките или да се израмнат тротоарите. Но, не преку апликација. Веќе некои општини се обидоа со eнтузијастичка краудсорсинг апликации како „Види и поправи“ која е симната едвај десетина пати. Каде што нема патеки, Skopje Green Route ве води по улуците, како и секоја било која друга мапа.

Кога беше промовирана Skopje Green Route пред неколку дена, градот Скопје се пофали дека ова е апликација која ги информира граѓаните за јавниот транспортен центар. Вистина е. Апликацијата има корисна функција да ви предлага кој број на автобус треба да фатите за да стигнете до бараната локација. Но, повторно градот Скопје се пофали дека овие функционалности се интегирани во Google Maps, преку Google Transit услугата. Skopje Green Route исто така покажува и каде има гужви и работа на патот, и прикажува информации за загаденоста на воздухот. Интересно, апликацијата ви покажува колку CO2 ќе испушти автомобилот од една до друга точка, односно колку дрвја „треба да работат“ за да ја поправат штетата.

Да не бидеме сфатени погрешно. Го осудуваме обидот за собирање на политички поени од нешто што не е иновативно во ИТ светот, но го поздравуваме обидот да се креира единствена апликација за се што е поврзано со транспортот во Скопје. Соочена со квалитетна конкуренција, не веруваме дека Skopje Green Route ќе направи разлика. Можеби единствено корисно од Skopje Green Route е што апликацијата им помогнала на студентите на ФИНКИ да видат како се користат јавни бази на податоци за да се креира сервис.

За крај, евe еден „зелен“ инфографик:

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
@goranmitev
9 years ago

Браво! Одамна не сум прочитал ваков критички осврт на ит.ком.мк