Lenovo претстави очила замена за екран

Avatar img-thumbnail img-circle

во Хардвер

Lenovo веќе неколку години продава професионални очила за проширена реалност. Уредот започна од соработката на Microsoft со неколку партнери, кои требаа да понудат алтернатива на Microsoft HoloLens. Идејата беше партнерите да понудат очила кои ќе имаат нешто полоши карактеристики, но ќе бидат значително поевтини.

За жал овој проект не успеа во целост, Samsung, Dell, Lenovo претставија сетови за виртуелна реалност. Сепак овој проект не ги достигна успесите кои Microsoft и компаниите партнери го замислуваа. Ниту очилата за проширена реалност HoloLens достигнаа поголем успех, ниту покомерцијалните сетови за проширена реалност дојдоа до посакуваното ниво. Веројатно никој, ако нема специфичен интерес на полето на проширена реалност, нема да може да се сети на имињата на уредите од Dell, Samsung и Lenovo.

Lenovo последниве години трпеливо работеше на нова генерација на очилата за проширена реалност Lenovo Glasses T1. Всушност, станува збор за очила кои треба да го заменат мониторот. Сетот доаѓа со Micro OLED екран и едноставно може да се поврзе со секој оперативен систем. Очилата може да се поврзат со уреди на Windows, macOS, Android и iOS.

Lenovo Glasses T1 однадвор речиси делуваат на стандардни очила за сонце. Во левата рачка е поставен кабелот за поврзување кои навестува дека во очилата има нешто повеќе од она што го гледаме на прв поглед. Зад еластичните гумени рачки и затемнетите стакла се скриени micro OLED дисплеи со 1080р резолуција и 60 Hz рефреш. По еден на секое око.

За разлика од некои од досегашните уреди како Google Glass, овие очила не се наменети да се користат во движење. Треба да бидат постојано поврзани на уред, можеби компјутер или телефон. Телефонот дава некоја можност за преносливост, но за разлика од другите уреди, овој значително го попречува видното поле. Glasses T1 се повеќе замена за монитор отколку што се алтернатива на сет за проширена или виртуелна реалност.

Уредот треба да биде достапен до поширока публика, и за најголем дел на купувачите ќе биде само прв чекор во виртуелната реалност.

Lenovo Glasses T1 најпрво ќе бидат достапни на кинескиот пазар, а подоцна во 2023, ќе излезат и на други, засега необјавени пазари.

Кој е следен

Проценките од истражувањата на пазарот покажува дека до 2026 година, виртуелната и проширената реалност ќе бидат дел од индустрија вредна 160 милијарди долари, пренесе Verge. Засега најголем дел од овој простор е празен. Очила имаат Meta Facebook, Valve, HP, Microsoft, Sony… Сепак ниту една од компаниите нема доминантна положба на пазарот.

Дел од причините се недостатокот на супер интересна и квалитетна содржина, и превисоката цена за влез. Цената на најголем дел од очилата за проширена реалност започнува од 500 долари, а се движи и значително над 1000 долари.

Една од компаниите која е во добра положба за освојување на пазарот, барем поради своите корисници е Apple. Најголем дел од љубителите на компанијата не се „плашат“ да потрошат поголема сума на електроника, и релативно брзо прифаќаат нова технологија. Иако е јавна тајна дека Apple ќе претстави очила за проширена реалност наскоро, засега нема официјална потврда.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments