Со апликацијата ќе може да се споделуваат документи во Gmail, самата апликација ги препознава контактите што овозможува брзо споделување на содржината, или да се стави виџет на почетниот екран за брзо правење на фотографија или креирање на документ, пример, фаќање на белешки.
Интересната новина е што апликацијата може да искористи фотографија од физички документ и да ја претвори во текст во Docs. Пример, со камерата на телефонот може да се слика мени од ресторан и тоа веднаш ќе се претвори во текст кој ќе може да се едитира и споделува.
Добивај известувања
Најава
0 Коментари
Најнови








