INDX e апликација за самонасочено учење

Нема ништо поубаво од учење, но, во денешното време, често се случува да сте преплавени од информации кои се надвор од вашиот моментен фокус, независно од тоа дали се работи за текстови, подкасти, или видео материјали.

INDX е iOS апликација која се нарекува од авторите како Pinterest, но за учење. Се работи за алатка која ви дозволува да почнувате од точка на самонасочено учење каде лесно сочувувате подкасти, текстови и видеа кои вам ви се интересни, а кои се препорачуваат од заедницата, односно вашите пријатели.

Независно од тоа кои се вашите интереси, дали здравје, дали маркетинг, или, можеби, лични финансии, INDX ви пласира релавантна содржина според вашите интереси, но и тие на пријателите. Од друга страна, лесно можете да ја споделите и вашата колекција од сочувани работи за да биде препорачана на останатите истомисленици. Дополнително, имате на располагање и бројни филтри преку кои ги прилагодувате вашите интереси, за поефикасно и фокусирано учење.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments