Стартуваме подкаст. Ќе се вика #ИТН, подкаст за информатика, технологија и наука, и ќе биде соработка помеѓу IT.com.mk и Радио МОФ. #ИТН ќе го води Викторија Николовска, стартап ентузијаст и дизајнер, со помош на Виктор Дано, уредникот на IT.com.mk, и продуцентот од Радиот МОФ, Димитар Вандовски, попознат како Були.
Почнуваме со малку радио искуство, но огромен ентузијазам секој четврток од 19:00 часот на Радио МОФ, и од вас, слушателите бараме апсолутно искрен фидбек бидејќи веруваме дека критиките, забелешките, сугестиите за темите и пофалбите ќе ни покажат како да го направиме #ИТН подобар.
Слушајте не на Радио МОФ, или симнете го подкастот откако ќе биде емитуван; и секако ги очекуваме коментарите на Twitter и Facebook, обележани со хаштагот #ИТН.
ITN – Episode 01 by Radio Mof on Mixcloud








Пишете линк кога ќе го поставите онлајн.
Го додавме виџетот во текстот :)