Паметен часовник од Кина може да издржи 18 дена без полнење

1 коментар 1 мин. читање

Кинескиот производител Shanda/Geak кој важи за еден од водечките технички компании во Кина, го претстави својот нов паметен часовник Geak 2. Часовниците не само што изгледа одлично, туку за разлика од речиси сите конкуренти можат да издржат до 18 дена помеѓу полнењата на батеријата.

Сепак овие 18 дена помеѓу полнењата се доколку часовникот е постојано во стендбај, но и седумте дена со колку што издржува батеријата при активно користење е импресивна. Ова е овозможено од хибридниот дисплеј на часовникот кој кога не го користите и е во стендбај мод се префрла на e-ink, а при активно се префрла на LCD дисплеј во боја. Екранот на часовниците е 3,2 cm и во LCD мод има резолуција од 254ppi. Недостаток на часовникот е што за разлика од останатите кои доаѓаат со Android Wear, поради ограничувањата во Кина доаѓа со „олеснета“ Android 4.3.

Новата Geak 2 серија паметни часовници од Shanda доаѓа со два модели, основен модел чија батерија издржува од 6 до 15 дена и чини околу 330 долари. Geak 2 Pro кој доаѓа со интегриран сензор за мониторирање на работата на срцето и издржува помеѓу 7 и 18 дена помеѓу полнењето, цената на часовникот е 410 долари.

[youtube]stbMgvvS5Jc[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top