Go Mecha Ball е забавен Twin Stick Shooter со pinball механики

во гејминг

Не е тајна дека сме големи фанови на Twin Stick Shooter-и со забавни roguelite механики. Има нешто особено интересно со ваквиот жанр игри, особено кога едноставно сакате да се опуштите со контролер во рака.

Whale Peak Games имаат осмислено феноменална аркадна акција со roguelite напредување. Комбинирајќи шаренолики мапи со разиграни, но предизвикувачки непријатели, Go Mecha Ball успешно воведува арсенал од разорни оружја и става акцент на физички закони клучни за pinball игрите.

Убиствена Pinball игра

Во Go Mecha Ball, ранот го започнувате со еден од четири уникатни ликови. Секој од ликовите има бројни огнени оружја за ефикасно справување со непријателите. Но, паралелно со оружјата, вашиот лик може инстантно да ја промени формата во топка, со што и полесно ги избегнува нападите, побрзо ги преминува далечините, а и создава услови за проектилски удирања и отфрлување на непријателите.

Низ четирите светови ќе се тркалате, потскокнувате и лебдите помеѓу бројни предизвикувачки непријатели и босови. Имате на располагање над 25 деструктивни алатки и дваесеттина способности. Нивната комбинација допринесува до непредвидливо разрешување на битките.

Поради симпатичниот дизајн, би можеле да помислите дека играта е лесна, но таквото нешто не би можело да е подалеку од вистината. Go Mecha Ball е игра за која е замислено константно да се преигруваат стазите, да се грајнда за двете валути и да се присобере поголема моќ.

Поради бројните roguelite елементи, секој ран станува интересен и поразличен од претходниот, така да нема да се чувствувате како да ја играте истата партија.

Од друга страна, особено ни се допадна тоа што со едната валута можевме да правиме трајна надградба на здравјето или пак да се здобиваме со убиствената ефикасност низ сите идни ранови.

Доколку сакате брзи игри со забавни и уникатни roguelite механики кои влечат инспирација од pinball игрите, тогаш Go Mecha Ball е визуелно импресивен наслов.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Whale Peak Games
  • Издава: Whale Peak Games
  • Жанр: акција, roguelite
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезе на: 25 јануари 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments