Руски инвеститори го купуваат Yandex за 5,2 милијарди долари

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Холандската компанија Yandex N.V., која е сопственик на истоимениот руски пребарувач се договори со група на руски инвеститори за продажба на рускиот бизнис вклучувајќи го и пребарувачот Yandex.

Цената која ќе ја платат руските инвеститори за компанијата е 5,2 милијарди долари. Ова е само 50% од вредноста која ја имаат акциите на компанијата на берзата. Причината поради која цената која руските инвеститори ја платија е супер ниска е рускиот закон кој предвидува „задолжителен попуст“ од 50 отсто ако руски средства се продаваат од компании лоцирани во непријателски држави. Матичната компанија Yandex N. V. е лоцирана во Холандија – членка на Европската Унија која поради руско-украинската војна воведе санкции за Русија, па поради ова спаѓаат во категоријата „непријателски“ држави.

Преговорите помеѓу Yandex N.V. и руските инвеститори траеа повеќе од една година. Компанијата е проценета на 10,2 милијарди долари. Пред само 2 години, на крајот на 2021 Yandex беше проценет на 30 милијарди долари.

Рускиот инвеститор ќе треба да исплати барем 230 милијарди рубљи (2,5 милијарди долари) и 176 милиони Yandex NV Class А акции. Трансакцијата ќе биде во кинески јуани. Руските инвеститори ќе имаат контрола врз делот на Yandex кој во првите 9 месеци на 2023 година имал 95% од вкупната заработка на компанијата.

Yandex е руски пребарувач кој беше нарекуван и руски Google. Платформата и натаму е најпопуларен пребарувач во Русија. Yandex е основан во 1997 година и веднаш се здоби со „прекарот“ руски Google. Главна причина за тоа е што компанијата имаше слични сервиси како и Google. Дел од експертите сметаа дека ова е една од малкуте руски техничко-технолошки компании кои имаат потенцијал да бидат глобална компанија.

Yandex во Холандија е основан во 2007. Компанијата работеше на развој на проекти надвор од Русија.

Во чија сопственост е Yandex сега

Новиот Yandex ќе биде во сопственост на инвестицискиот фонд Consortium First. Дел од менаџерскиот тим на Yandex во Русија е дел од раководството на фондот. Со фондот управува Solid Management, а финансиска поддршка доаѓа од инвестицискиот фонд на Lukoil – Argonaut. Во инвеститорите се и Infinity Management, IT.Elaboration и Meridian-Servis.

Зделката треба да се заврши во две фази.  Во првата половина на 2024 година Yandex N.V ќе продаде 68 отсто од акциите на руските бизниси за кеш и акции. Најдоцна 7 недели подоцна купувачите треба да го купат и останатиот дел од Yandex. Сѐ ова ќе може да се оствари единствено ако законодавците и акционерите ја одобрат зделката.

Продажбата на Yandex е продолжување на нешто што холандската компанија го започна порано. Во август 2022 година, Yandex го продаде агрегаторот за вести заедно со сајтот Yandex.ru на VK.

Во сопственост на YNV групата ќе останат неколку стартапи во рана фаза: Neius AI – AI-облак платформа; Toloka AI – партнер на GenAI кој развива голем јазичен модел; Avride – стартап кој работи на развој на автономни возила; Triple Ten – едукативна платформа за обука за вештини кои се потребни во техничкиот сектор; податочниот центар лоциран во Финска, и помали инвестиции во технолошки компании.

По финализирање на продажбата, холандската компанија ќе престане да го користи брендот Yandex.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk