CyberCorp e забавен киберпанк looter shooter

Како втора игра на развојното студио Megame LLC, CyberCorp нуди looter shooter полн со експлозивна акција и едноставни RPG механики. Иако играта е во раниот пристап на Steam, искуството при играњето е релативно добро разработено. На располагање имате бројни мапи, разновидни оружја, предизвикувачки непријатели и плен, многу плен!

Адреналинска акција

Генерична техно музика со кратки музички бранови кои континуирано се повторуваат во различна јачини. Мисиите се долги и интересни, но повторливата природа на музиката знае да здосади и да има контра ефект врз целото искусто. Ваквиот топол-ладен пристап е јасен и во поглед на приказната. Од една страна, меѓусеквенците се одлично изработени, но дијалозите исклучително неуверливи.

Гејмплејот, од друга страна, е мајсторски изведен. Вашиот лик е убиствена машина која вешто користи ладни и огнени оружја. Ни се допадна и системот за репетирање кој бара во одреден момент да претиснете копче за да оружјето побрзо се репетира. Доколку му одземете доволно крв на непријателот, ќе можете да го елиминирате така што инстантно се прилепувате до него, а камерата се успорува. Ова е замислено да изгледа кул, но, за жал, не изгледа доволно добро и остава впечаток на несмасно залетување и нејасна анимација. И покрај ова, борбите се динамични, со стриповски ефекти, награди за двојни/ тројни убиства едно-по-друго, и ред други работи. Често сте опкружени од најразлични типови непријатели, но и бројни експлозивни буриња за порамнување на бојното поле.

Згора на тоа, ликот е доволно агилен и често се лизга и телепортира од една на друга страна за да ги полесно избегнува непријателите и за да се правилно позиционира на бојното поле.  Кога сме кај мапите, вреди да се спомене дека се осмислени со големо внимание и полни со најразлични детали. Ни се допадна слободата која произлегува од подотворениот дизајн на мапите, истражување на најразлични sci-fi локации.

Мисиите се забавни, но се сведуваат на карактеристични дизајни во стилот на оди таму, убиј го него, уништи го тоа, штити го ова итн. Не ни сметаше премногу бидејќи, повторуваме, гејмплејот е навистина добар, особено доколку сакате брзи пресметки против бројни непријатели. Покрај бројни уникатно дизајнирани и осмилени оружја, имате на располагање и најразлични способности, како можност за поставување turrets, отфрлање на сите што се во непосредна близина, активирање зона за лечење, и слично.  

Се очекува CyberCorp да е дел од раниот пристап година дена, во зависност од повратните информации на фановите. Моментно, можете да поминете низ целата кампања, заедно со сите споредни мисии. На располагање имате и мултиплеер, но присатни се одредени багови во него и искуството може да варира од корисник до корисник. Развојниот тим планира да воведе значително повеќе оружје, вештини, како и дополнителни надградни, непријатели и мисии.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Megame
  • ИздаваMegame
  • Жанр: акција
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезе на: 20 август 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments