Зошто не треба да верувате на сите скриншотови од разговори што ќе ги добиете

Во денешно време, многу е лесно да се направи скриншот на секој уред, и она што се забележува при секојдневната комуникацијата е дека испраќањето на скриншот од разговор на некој од IM платформите постанува редовна пракса кај сите генерации. Испраќањето на скриншот го забрзува преносот на информацијата, каде што наместо да трошите време во објаснување и прераскажување, вие само го испраќате скриншотот и со тоа брзински го пренесувате целиот разговор. Проблемот за едно или повеќе инволвирани лица имаме кога скриншотот што се споделува содржи детали од чувствителна природа, а и многу корисници кога ќе видат скриншот автоматски мислат дека истиот е веродостоен.

Што не е точна претпоставка.

Скриншотите можат реалистично да се рекреираат, со екстензии или вебсајтови како FakeDetail.

Ова е вебсајт кој сосема случајно го откривме преку ученици од едно македонско училиште. Во ситуација на врснично насилство, помеѓу учениците почнале да циркулираат рекреирани скриншотови за да се подгази интегритетот на една ученичка и да се прикаже истата во исклучително лошо светло. Имено, преку веб сајтот FakeDetail, неколку ученици ја поставиле сликата на ученичката и, претставувајќи се лажно како неа, рекреирале невистинити разговори како да се воделе преку социјалните мрежи. Потоа, истите ги споделувале, со цел да се создаде проблематична ситуација за инволвираните лица.

Врсничко насилство е секојдневен проблем. На оваа тема и како е најдобро да го заштитите вашето дете пишувавме тука.

Со посетување на сајтот FakeDetail и преку паѓачкото мени за Social Media можете да изберете преку која социјална мрежа да се рекреира скриншот од лажниот разговор, односно дали преку Facebook, Instagram, TikTok или некоја друга мрежа. Доколку изберете Facebook, ќе можете да бирате помеѓу chat, post или video call:

Како што можете да забележите, работите може да се „наштелуваат“ за да сѐ изгледа крајно веродостојно. Може да се намести дали скриншотот да биде за Аndroid или iPhone, колку да се покажува дека е часот и статусот на батеријата, кои да се имињата на учесниците во разговорот, како и да се прикачат нивните слики, нешто што е многу лесно откако ќе ги најдете нивните автентични акаунти на Facebook. Потоа, сѐ што останува е да се вметнат содржините на текстуалната размена. Во ситуации на второто лице, можете да наместите дека пораката е испратена, испорачана или видена. Сите промени се случуваат во реално време и инстатно го гледате резултатот.

Целта на овој текст не е да шириме параноја или пак да даваме идеи и алатки на злобни умови. Целта на овој текст е да ве информираме дека во денешно време, многу работи се можни. Една од тие работи е и создавање и споделување невистинити.

Во ситуации со децата, внимателните наставници и родители ќе знаат како да се справат и како да ја минимизираат направената штета. Во ситуации со возрасни? Ситуацијата можеби не би била толку едноставна. Не избрзувајте, размислете од кого доаѓа скриншотот и направете дополнителни проверки и анализирања пред да направите нешто за што би можеле да се каете подоцна.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments