6 коментари 1 мин. читање

Гласавте за кириличниот домен? МАРНет го продолжи рокот…

МАРНет го продолжи рокот за гласање за национален кириличен домен до 15 јануари 2013 година. Собирањето предлози за име на доменот започна уште во ноември, а гласањето започна од почетокот на декември. Во моментов на сајтот на МАРНет може да гласате за .мак, .мкд, .рмак, .рм, .рмкд и .македонија.

Кириличните домени ќе им овозможат на компаниите и корисниците полесно да рекламираат, промовираат и наоѓаат македонски веб сајтови.

Eден од најважните фактори е низата на карактерите која го означува интернационализираниот врвен домен мора значајно да го претставува името на соодветната земја или територија. За низа која значајно го претставува името на земјата се смета онаа која е на официјалниот јазик на земјата и која го претставува целосното име, дел или некаква кратка форма на името на земјата. Затоа гласајте внимателно.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

6 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top