Google на почетокот од овој месец го редизајнираа YouTube, а со новиот дизајн, корисниците на поголеми екрани имаат голем празен простор од десната страна. Зошто целиот нов дизајн е порамнет на левата страна, знаат само од компанијата, но ние сме тука да ви понудиме едно решение.
Доколку не сакате фокусот да ви биде на левата страна, како развивачот што ја развил скриптата што ќе ви ја понудиме во продолжение, ова е одлично решение, но работи само за корисниците на Chrome и Firefox, додека тие на Safari и Internet Explorer ќе си продолжат по старо.
Решение за Chrome
- Инсталирајте ја екстензијата TamperMonkey, доколку ја немате.
- Отворете ја скриптата – http://userscripts.org/scripts/show/153606 и кликнете на Install во десниот горен агол.
- Отворете го повторно YouTube.
Решение за Firefox
Се работи за истата скрипта, но овде корисниците е потребно да го имаат инсталирано додатокот GreaseMonkey, за потоа да ја применат истата скрипта, на истиот начин како и кај Chrome.








