(Ова е гостински пост на Митко Цабевски, ко-основач на стартапите Ambio.me и U:plug, и иницијатор зад Foundedin.mk)
Сите земји од светот имаат свои посебни предности и карактеристики што ги прави уникатни и различни. Но, она што е заедничко кај сите овие земји се младите претприемачи кои се спремни да ризикуваат и да го менуваат светот.
Македонија е далеку од Силициумската долина, но тоа не значи дека не може да почнеме да размислуваме како Силициумската долина. Ајде да го смениме начинот на размислување и да изградиме претприменичка култура која го прославува секој ризик, идеја, сон, искрена пожртвуваност и напорна работа. Силициумската долина е состојба на умот! Тоа го докажуваат земјите како Велика Британија, Германија, Франција, Холандија, Полска, Израел кои успеаа да станат регионални стартап центри.
FoundedX e глобална иницијатива која има токму таква цел – промоција и поддршка на локални стартапи кои се желни да бидат дел од глобалната стартап сцена, но се горди на своето потекло.
Денес, како скромен почеток, со огромно задоволство и ентузијазам се приклучуваме на глобалното FoundedX семејство и ја објавуваме иницијативата за Founded in Macedonia – www.foundedin.mk.
Cо огромно задоволство и ентузијазам се приклучуваме на @FoundedX и ја објавуваме иницијативата Founded in Macedonia http://t.co/at7l4P38Sb
— Founded in Macedonia (@foundedinmk) January 16, 2015
Ги повикуваме сите иновативни стартап компании од Македонија да се пријават и да станат дел од глобалното FoundedX семејство, а ние ќе дадеме се од себе за нивна промоција, вмрежување и да исчекорат на глобалната стартап сцена.
Во мое лично име и во името на Теди, Влатко и Дејан сакам да изразам огромна благодарност до Даниел Јанев кој го осмисли и дизајнираше визуелниот идентитет, како и до Mhost за бесплатниот хостинг. Благодариме!








Браво за иницијативата, искрено ме изненади тоа што има барем 10тина македонци со да речам стартап менталитет. Единствено се е некако нискобуџетно, гледам јака новост е дека овие со штекериве добиле ~50.000 еур инвестиција, и после одиш на techcrunch.com и гледаш $20 milioni, $10 milioni серија а финансирање на стартапи и се некако смешно и за греота изгледа. Не е ни до македонија до душа, цела Европа последниве 10 години стана ирелевантна во поглед на технолошките иновации а и финансирањето на истите.
Дечкото се труди нешто да направи а мрчатори и сеирџии имало и ќе има.
:*