CNN ќе користи беспилотни летала за известување на вести

во Свет

Tелевизискиот гигант CNN одлучи да користи беспилотни летала за известување на вестите, иако за законот за комерцијална употребна на беспилотни летала се расправа во САД. Телевизијата има договор со Федералната администрација за авијација (FAA) за креирање на законска рамка со која ќе биде дозволено користењето на беспилотни летала за известување.

„Наша цел е да отидеме чекор подалеку од хоби опрема и да увидиме кои можности се достапни за креирање на квалитетно видео новинарство со примена на беспилотни летала и камери. Се надеваме дека овие напори ќе допринесат за развој на жив екосистем во кој операторите на летала од различен тип и со различна големина ќе можат безбедно на летаат во воздушниот простор на САД“, вели Дејвид Вигиланте од CNN.

Беспилотните летала без сомневање нудат нова возбудлива можност за новинарските екипи, а медиумите се обидуваат да пронајдат начин како легално да ги користат за своите извештаи без притоа да ја загрозат безбедноста.

А летала во Македонија?

Но, не се сите отворени за идејата да се прават снимки од птичја перспектива. Неодамна имаше и обид со беспилотно летало да се снимат студентските протести во Скопје, што, според медиумите, на крај заврши со приведување на студентот кој ја направи снимката.

[youtube]rIxQybI47XQ[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments