Изгледа и девојките дека играат Hearthstone. И некои се навистина добри во тоа. Тиана Ивановска е еден од најдобрите македонски играчи во Hearthstone, која имаше успешни три турнири, а на последниот беше вториот најдобар играч. Тиана гостуваше на емисијата за игри, GG.mk, на која ја објасни причината како успеа да ги победи машките хорди. Со варлок, место со паладин. Интересно, на последниот турнир имаше најмногу девојки-играчи. Можеби 5 од вкупно 64 играчи е мала бројка, но второто место на Тиана би требало да ги охрабри сите други!
Disclaimer: IT.com.mk е медиумски партнер на GG.mk бидејќи веруваме дека гејмингот е добро хоби и одличен е-спорт.







