Aлбанскиот претседател спречи контроверзен закон за прислушување

Претседателот на Албанија, Бујар Нишани, одби да го потпише контроверзниот закон за следење на комуникациите. Предлагачите на законот тврдат дека е наменет за да ги заштити граѓаните од криминал и тероризам, но по предупредувањата за приватноста на граѓаните, г. Нишани го врати законот во парламентот. Претседателот се повика на европските конвенции за човекови права кои гарантираат приватност.

„Законот не ги почитува, ниту ги заштитува личните податоци и приватните животи на граѓаните како што е наведено во членот 35 од уставот и членот 8 од Конвенцијата за човекови права“, вели тој.

Контроверзно во предлог-законот е што има члeнови кои предвидуваат видео надзор врз приватни домови и можност за постојан пристап до снимките, но најголем проблем е што воопшто не го почитува правото на приватност на граѓаните, вели Balkan Insight. Законот во март беше изгласан на предлогот на Министерството за внатрешни работи. „За да бидеме безбедни мора да ограничиме некои слободи и права“, тогаш изјави министерот Саимир Тахири, став со кој не се сложи претседателот.

Законот сега повторно е во албанскиот парламент, а за негово повторно изгласување треба да го поддржат 71 од 140 пратеници. Ова може да биде проблем бидејќи и првиот пат против законот гласаа членовите на Социјалистичкото движење за интеграција кое е дел од владеачката коалиција.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk