Најновите игри имаат супер графика, реални анимации и моќни оружја, но им фали шарм. Ако ја погледнете најновата епизода на емисијата за игри GG.mk, ќе се уверите дека старите аркадни игри се најдобри. Не затоа што сме поминале часови и часови играјќи ги, ниту заради фантастичниот гејмплеј. Tуку што и по дваесетина години тие сè уште се забавни за играње.
Во новата епизода се зборуваше малку и за Global Game Jam. Интересно, победник на скопскиот Game Jam е Данко Димоски, водител на GG.mk. Карши него во емисијата седи Бобан Стојчевски, кој беше во жирито на Game Jam. Ах, нека почне обвинувањето и драмата за наместен хакатон!!11еден! Шегата на страна, Данко не им дал избор на судиите бидејќи настапил со професионален тим. Победата беше неизбежна.
[youtube]bBurIssaLog[/youtube]







