IconCrafts е македонски сервис за креирање совршени икони

во Интервјуа, ИТ.МК

IconCrafts е македонски сервис кој овозможува креирање на уникатни икони преку неколку едноставни промени, па секој може едноставно да го персонализира својот дигитален простор. Сервисот се состои од два главни дела, објаснува Мери Доневска Костуранова, маркетинг менаџер во струмичкото студио Работилница.мк. Првиот е голема база со иконки и симболи во повеќе различни категории, и вториот дел е апликација преку која корисниците бираат, модифицираат и зачувуваат иконки од базата.

„Во неколку збора, IconCrafts е како ресторан во кој секој може сам да си ја зготви храната, ние ги снабдуваме корисниците со потребните производи и алатки, а тие самите си ги приготвуваат иконките кои им се потребни“, вели Мери.

„Апликацијата е наменета за графички дизајнери, веб програмери, програмери на мобилни апликации кои имаат честа потреба од иконки. Како и било кој друг корисник, кој нема никакво познавање од дизајн и програмирање, зошто иконките се најкористените визуелни метафори и имаат огромна и широка употреба“.

На сајтот постои демо да го пробате сервисот. Креирањето на сопствени икони се прави набрзина, преку неколку избори, но креирањето на совршен сет од кој корисникот ќе биде потполно задоволен може да потрае и подолго време. Понуден е избор во четири категории: стил, позадина, боја и големина на иконите. Барем засега, може да се одберат светол или темен стил на иконите, 25 позадини, неограничен избор на бои и големина која одговара на потребите на корисникот.

Но, IconCrafts иако е во бета фаза, со конечната верзија нема да биде бесплатен сервис. Сè уште се работи на бизнис планот кој можеби ќе биде дневна, месечна или годишна претплата.

Тимот кој работи на апликацијата е тимот на Работилница.мк, и се состои од петмина – двајца програмери: Ванчо Стојков и Крум Ѓоргиев, двајца дизајнери: Ване Костуранов и Сашко Николовски, и Мери Доневска Костуранова, која е одговорна за маркетинг и комуникација со клиенти. Истиот тим го има креирано и DryIcons, прв сервис на студиото, стартуван пред седум години, кој исто така се фокусира на икони, но Мери вели дека Iconcrafts и DryIcons се „два целосно различни модели“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk