„Има истакнат раст во таканаречените електронски напади на мрежите на германската влада и локалните власти. Германија е многу високо-технолошка земја со соодветно искуство и знаење, затоа нормално е другите да се обидат да го дознаат тоа знаење – Кина игра огромна улога во тоа.“, вели портпаролот на германското МВР, Стефан Парис.
Почнувајќи од владините администрации, дата бази со купишта податоци, и поврзување на виталните системи како банкарството или електричните мрежи преку Интернет, сите тие стануваат ранливи од разни сајбер напади, а од неодамна и витална мета за непријателски напади. Таков сајбер напад направи Русија врз Естонија во 2007 година по што НАТО креираше во Талин центар за сајбер одбрана. Потоа следеше САД со свој центар за одбрана во 2009, а во октомври и Британија најави дека ќе потроши над 1 милијарда долари на подобрена сајбер одбрана.








Па така треба!