0 коментари 1 мин. читање

Кога би ја едитирале проширената реалност

Аугментирана или проширена реалност е кога, користејќи мобилен телефон и камера, се креира додатен слој врз реалноста, виртуелен слој кој прикажува дополнителни 3Д модели и информации на место каде што се кодовите.

Концептот на MixAR на Hololabs е интересен бидејќи им дава шанса на сите корисници да си играат со своја проширена реалност, наместо да користат претходно одредена аугментирана реалност. Во видеото подолу за MixAR има интересен пример за правење 3Д модел на маица од продавница, која потоа може да се прикаже врз површина, друга маица и да отслика како би изгледала маицата кога пријателот ја носи. Ова е супер практична примена на алатката која може да се искористи за играње со реалните предмети и нивно виртуелно преместување и ставање во корист на други корисници. Друг пример може да биде некоја слика или предмет за по дома. Едноставно направете си 3Д модел, и пробајте да видите како ќе изгледа дома, и споделете го со пријателите и фамилијата.

Едноставно концептот MixAR е секој да си прави свој модел со проширена реалност и да го искористи за подобро т.е повизуелно споделување информација.

МixAR ќе го користи кодот на претходната апликација на Hololabs, Empire ISI AR.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top