Google Analytics е бесплатна и најкористената алатка за мерење и анализа на интернет сообраќајот која при анализите собира информации за корисниците како кој прелистувач користат, инфо за локација, од каде доаѓа корисникот, дали сурфате од мобилан, кој мобилен, кој оперативен систем, колку време корисникот е на сајтот, колку време потрошил на сајтот…
Ова собирање купови информации не им се допаѓа на германските власти, кои беа во разговори со Google за анонимизирање на IP адресите и други модули за заштита на личните податоци за различни прелистувачи.
„За жал дојдовме до заклучок дека Google не ги почитува нашите барања за заштита на податоците. Мoра јасно да кажеме дека тоа што Google го нуди не е доволно.“, вели Јоханес Каспар, германскиот комисионер за заштита на податоците.
Според Google, нивната алатка „ги почитува европските закони за заштита на податоците и се користи од сајтовите на европски власти за заштита на податоците.“
Германските власти велат дека Google одоговлекува бидејќи легалната одговорнот е кај корисниците на алатката. Затоа наместо Google, властите ќе ги казнуваат сајтовите кои користат Analytics.








забагаа германците