Гејминг подкастот MKD20 ја започна својата втора сезона

во гејминг, ИТ.МК

Во ново студио и со уште поентузијастички дух, гејминг подкастот MKD20, предводен од Благој Чучанов, Иван Делев и Илија Кадеев ја започна својата втора сезона. Слично како и нивните колеги од GG.mk, подкастот MKD20 втората сезона ја започнува и со свој сајт, форум и е-продавница во која ќе продаваат брендирани маици и чаши.

“MKD20 е гејминг подкаст каде тројца гејмери седнуваат на маса и ги дискутираат актуелните новости и збиднувања во (PC) гејминг сферата – или тангент разговори во зависност од желбите и интересите на присутните. Шоуто ќе се обиде да опфати широка плејада на теми поврзани со видео игрите и пропратната технологија. Сѐ ќе биде без скрипта со цел резултатот да биде органска дискусија. Следете нѐ секој вторник во 21ч. на twitch.tv/mkd20” пишува на сајтот на подкастот.

Видеото погоре е од првата епизода во втората сезона, а во него дечките прават муабет за општо гејмингот и се фокусираат на Wasteland 3.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments