Е-спортот нема да исчезне, напротив; видеоигри не играат само хардкор гикови, а YouTube и Twitch се платформи кои привлекуваат огромно внимание дури и кога нема турнири. И ако се сметате за маркетинг експерти и ги игнорирате гејмерите, тогаш правите голема грешка, вели Ким Томсон од MediaVest.
Една од причините поради која гејмерите сега се поинтересни за маркетингот се просечната возраст и парите. Гејмерите веќе не се тинејџери кои немаат приходи, туку сега просечниот гејмер се приближува кон границата од 35 години. Анкетата на Upsos MediaCT покажува дека од 4,803 испитаници, 2,802 барем еднаш во месецот се онлајн, а 2,001 барем еднаш гледаат видео од игри. Она што можеби е поважно, иако долго време гејмингот беше спорт на машки тинејџери, сега дури 30 отсто од гејмерите се жени.
Не треба да се игнорира и дека гејмерите се едни од најстраствените корисници и поддржувачи на брендови, кои сакаат да експериментираат и добар дел често се во првата група на прифаќачи на нова технологија или производи. Уште поважно, гејмерите немаат проблем да бидат вокални и да ги искажуваат своите пофалби, но и критики.
„Всушност може да гледате на гејмерите како супер-потрошуваич, кои не само што се поверојатно дека ќе купат одредени производи, туку многу веројатно ќе имаат влијаније врз бендот, без разлика дали вас ве интересира гејминг индустријата или не“.
Се разбира не сите индустрии се подеднакво интересни за гејмерите. Очекувано производите на забавната индустрија, електрониката, компјутерите, паметните телефони се поинтересни за гејмерите, отколку за просечниот купувач, но најверојатно нема да погодите дека гејмерите се позаинтересирани и за автомобили.

Но, што ако не сте дел од овие индустрии, дали можеби тогаш треба да ги игнорирате гејмерите? Статистиката вели дека ќе направите грешка. Иако најголем дел од гејмерите во своите видеа даваат препораки најмногу за игри, музика, филмови и електроника, дури 83 отсто од гејмерите на YouTube зборуваат и за храна и пијалаци, но и останати интереси. Најверојатно најважно за гејмерите е комуникацијата. Бидејќи станува збор за страствена група на следбеници, мало недоразбирање може да донесе куп непријатности. Така, гејмерите имаат многу повисоки очекување од обичните корисници кога комуникацијата е во прашање.
Многу повеќе информации за истражувањето ќе дознаете на блогот на Ким Томсон.







