1 коментар 2 мин. читање 20 јуни, 2016

ИТ настан: Dota 2 за крај на испитната сесија и почеток на летото

За крај на напорната, и се надеваме, успешна испитна сесија, Студенскиот парламент на ФИНКИ организира турнир во Dota 2. Единствен услов за учество е барем еден член да е студент на било кој факултет во Македонија, иако турнирот е отворен речиси за сите. Првите натпревари ќе се одржат онлајн од 29 јуни, а од полуфиналињата турнирот ќе биде LAN. Натпреварите ќе се одржат во просториите на Seavus Education and Development Center.

Целта на турнирот, освен забавата е и популаризација на е-спортот, кој треба да го пронајде своето место. Натпреварот е со награден карактер, а наградниот фонд се собира од котизацијата која ја уплаќаат учесниците. Натпреварите започнуваат на 29 јуни, а полуфиналето и финалетo ќе се одржат на 2 јули. Регистрацијата за учество е веќе започната, а максималниот број на тимови кои ќе може да учествуваат на турнирот е 32. Повеќе податоци за турнирот и линк за регистрација може да пронајдете на facebook-страницата за настанот.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top