Кога Gap го смени, редизајнира своето лого, веднаш наиде на критики. Затоа Gap побара од Facebook корисниците да предложат идеи за ново лого. Но, наместо идеи илјадници Gap фанови на Facebook започнаа да го критикуваат новото лого и да го бараат старото сино лого назад.
Facebook беше само едно место за критика. На Twitter се појави лажен Gap профил со 4.800 следбеници кој започна да го исмејува редизајнираното лого, а се појавија и сајтови како веб генератор на Gap лого кој до моментов има генерирано над 14.000 Gap логоа и craplogo.com кој им се допаѓа на 7.000 Facebook корисници.
Целава ситуација резултираше Gap да излезе „јасно и гласно“ да го отповика новото, и да го врати старото сино лого.
„Научивме многу од овој процес. И ни е јасно дека ние не го направивме ова на прав начин. Препознавме грешка пропуштајќи ја можноста за интеракција на онлајн заедницата. Ова не беше прав проект во право време за ангажирање на јавноста.“ вели Gap во официјалното соопштение додавајќи „Можеби ќе има време за промена на нашето лого, но ако и кога тоа време ќе дојде, ќе постапиме поинаку.“








нешто повеќе во врска со дизајнот http://dezen.mk/section-blog/15-kritika-mislenje/…
:)
Нема да ме зачуди да се работи за некој маркетиншки трик како на Pizza Hut, кога почнаа да се објавуваат приказни дека ќе се преименуваат во Pasta Hut…Излегуваа и фотографии и статии во познати весници, и на крај ланецот на ресторани си остана со истото име ( http://www.pizzahut.com/ )ама доби огромна медиумска застапеност без да даде цент :)
И со ново и со старо лого, нивните производи сеуште ке ги произведуваат 11 годишни деца во sweatshops низ Југоисточна Азија.