Gamezone.com.mk стартува со цел да го подигне гејмингот на сосема ново и повисоко ниво во Македонија, вели Стефан Стојанов, основач на порталот кој има и форум и играчница со Flash игри.
Стефан вели дека ќе се потрудат да понудат објективно мислење за сите нови игри, како и совети за гејмерите како да стигнат до промоција.
„Гејмери во Македонија има многу, но информациите во врска со игрите многу доцна стигнуваат до сите како на пример промоција на некоја AAA игра што се продава беспари или со огромен попуст,а за тоа овде никој не знае, а веста ќе се рашири по одреден период кога промоцијата ќе заврши.“
Според него, најпопуларнaтa игрa во моментов во Македонија е Counter-Strike, но World of Warcraft, Pro Evolution Soccer, па и Fifa се исто така популарни. Има многу гејмери кои сакат тркачки адреналин во стилот на Need for Speed.