Yahoo вели дека Facebook прекшрува 10 до 20 патенти врзани со технологијата за рекламирање и персонализирање на веб, како и патенти за друштвени мрежи и пораки.
„Додека Yahoo се мачи да се бори со помладите конкуренти, веб порталот започнува нова тактика: судски закани користејќи ги своите патенти.“, пишува DealBook, блогот на New York Times.
Yahoo објави сооштение во кое се вели дека компанијата има „обврска“ кон своите инвеститори и вработени да си ги заштитат својата интелектуална сопственост.
„Мора да инсистираме Facebook да се вклучи во договор за лиценци или ќе мора да продолжиме да си ги заштитуваме своите дела.“
На тоа, Facebook одговори дека Yahoo им пишале исто време кога го контактирале и New York Times за да ја споделат изјавата и затоа немале време да проверат конкретно за што станува збор.
Сè уште не е јасно за колку пари станува збор. Големи се веројатностите дека Facebook ќе се договори да плаќа надоместок на Yahoo. Според IEEE Spectrum магазинот, Yahoo ги има највредните патенти за веб комуникација.








Внесете го текстот тука!