На прв поглед, би можеле да помислите дека Galactic Glitch е интересен хибрид помеѓу Bubble tanks и Dead Cells. За развојот на оваа игра, Crunchy Leaf Games не го крие фактот дека биле целосно инспирирани од овие две игри:
„Во Galactic Glitch e вложено десетгодишен труд и љубов.“, објаснува главниот програмер за Crunchy Leaf Games, Макс Дом и продолжува: „Првин започнавме со нашата страст за флеш игри како Bubble Tanks, а потоа, откако го додадовме влијанието на физичките закони, коцките целосно се поклопија. Со изглегувањето на Dead Cell, меѓутоа, точно видовме како сакаме нашата игра да биде – вселенски roguelite во кој се запазуваат физичките закони.“
Галактички пропуст
10 години навистина се чини како долго време, но на самиот развој има влијаено и целата ситуација со ковид, допринесувајќи одново да се отпочне проектот во 2020 година за да, четири години подоцна, играта конечно излезе во раниот пристап на Steam. За да работите бидат дополнително искомплицирани, иако компанијата е заснована во Берлин, Германија, половина од развојниот тим на Galactic Glitch е во западна Европа, а, другата половина е во Украина. Дел од средствата кои ќе се соберат за играта ќе бидат донирани да помогнаг на луѓето во Украина. Но, каква игра е Galactic Glitch и дали го заслужува вашето време и вашите тешко спечалени пари?
Билдови од 70 оружја и уникатни моќи
Во визуелно-импресивно 2D опкружување, twin-stick шутерот Galactic Glitch ви дозволува да навлезете во адреналински битки во кои, како што кажавме се запазуваат одредени физички закони. Имено, користејќи моќно оружје за гравитација не само што можете да повлекувате и отфрлувате астероиди, туку можете истото да го направите со испуканата артилерија од непријателските вселенски бродови. На овој начин, се создаваат услови за уникатно манипулирање со бојното боле, стратешко експлоатирање на слабите страни на непријателите.
Секој ран е, грубо кажано, патување низ самостојни меури во кои имате непријатели. Додека сте во меурот, потребно е да ги уништите непријателите и потоа да преминете во некој од неколку понудени меури. Со ваквото напредување, добивате различен плен, отклучувате бројни способности, како и скриени патишта. По завршување на ранот, го користите тоа што се го научиле и спечалиле за да навлезете во наредниот како поспремни и попаметни од претходно. Додадете на сево ова и одлична музичка подлога и добивате солидно пакување кое, иако е во раниот пристап на Steam, никако не остава впечаток на полу-печен или избрзан производ.
Galactic Glitch ќе биде во раниот пристап од 6 до 12 месеци. За тоа време авторите планираат дополнително да ги оптимизираат механиките и да ги прилагодат според повратните информации кои ќе ги добијат од гејмерите. Доколку решите денеска да ја проверите Galactic Glitch, ќе наидете на 7 нивоа (од планирани 10), над 50 моќи, над 20 оружја, 2 босови и над 60 уникатни непријатели.
Во вистински раце!
Crunchy Leaf Games e тим кој се има одамна докажано на оваа сцена и претходно имаат работено на игрите 3030 Deathwar Redux, Rise of Legions, и Crystal Clash. Од она што го видовме, Galactic Glitch е разултат на голема посвета и не се сомневаме дека насловот може да биде само подобар во иднина. Во случај да и понатаму не сте сигурни дали е ова игра за вас, проверете ја и демо верзијата од официјалната страна на Steam.
Повеќе детали за играта
- Произведува: Crunchy Leaf Games
- Издава: Crunchy Leaf Games
- Жанр: roguelite шутер
- Платформа: Microsoft Windows
- Излезе на: 15 јули 2024
[…] на Steam. За нашите впечатоци повеќе можете да прочитате тука! Во меѓувреме, иако знаевме дека девелоперите се […]