0 коментари 4 мин. читање 18 јануари, 2025

Kill A Million Rats: уникатна стратегија со roguelike елементи

Зошто да ја играте?

  •  Одличен спој на стратегија и акција
  •  Рандомно генериран свет со непредвидливи механики при секоја напредување
  •  Рачно нацртани ликови и внимателно дизајниран свет

Kill a Million Rats е игра која поставува едноставна задача пред вас: да ја истражувате долината, да собирате ресурси, да го градите вашето село и да ја уништите бескрајната орда на стаорци! Добро, можеби и не е толку едноставно. Но, играта на развојното студио Nerdook Productions е карактеристичен пример за тоа како дестинацијата не е важна, туку патувањето.

Дух, градење и сојузници!

Како дух на одмаздата, во Kill a Million Rats имате магиски способности со кои можете да уништите илјадници стаорци. Собирањето на ресурсите ќе ви помогне да градите згради и да регрутирате различни сојузници. Имено, армијата на стаорскиот крал нема сама да биде уништена, а знаете како викаат: некои битки не можат да се добијат самостојно. Поради тоа, во секое преигрување вие и вашите сојузници ќе може да навлегувате во рандомно генериран свет каде ви стојат на располагање уникатни комбинации од моќи, ресурси, непријатели, згради и, секако, неочекувани сојузници.

Прекрасна графика – симпатични ликови

Дневни активности

Играта ја започнувате така што сте замолени од селанец да помогнете да се спаси селото од ордата стаорци. Вашата прва задача е да го изградите селското звоно. За да добиете повеќе селани и за да се прошират границите на вашето село, ќе биде потребно да изградите и неколку куќи. Нормално, селаните мора да бидат нахранети, барајќи од вас да создадете услови и за месо, но и да изградите соодветни структури за собирање дрво и, пример, знаење. Знаењето отклучува дополнителни структури. Како награда за сите овие проширувања, за секој нов селанец ќе може да изберете одредена статистичка предности или корисна способност. Тоа беше за време на денот.

Ноќни опасности

Штом нападнат стаорците, вие и вашите селани ќе напаѓате во зависност од надградбите кои ги избирате за нив секој ден, односно дали со ладни оружја, магии или комбинација од двете. За да бидат работите уште поинтересни, за време на секоја битка добивате и магични руни за да користите моќи, како црна дупка која привлекува и разбива на секои пет секунди, или способности, како поефикасно убивање. Во поглед на битките, можете да имате поголема контрола, со што вие нишаните и пукате, или пак да овозможите автоматски напади. Како и да е, целта е да се заштити селското звоно.

Ваквите хаотични ситуации се честа појава во Kill a Million Rats

Надвор од селото, ќе можете да вршите трајни надградби, како шанси селаните да добијат специјален предмет, да се отклучат животински заштитници, да се користат повеќе магични руни, да се надградуваат структури, и слично. Особено ни се допаднаа сите овие стратешки елементи кои, според нас, се одлично искомбинирани со roguelike механиките, пружајќи невообичаен рецепт за впечатлива забава.

Особено бевме импресионирани од рачно нацртаните ликови и живописниот свет, како и од динамичните музички траки. Kill A Million Rats е возбудлива игра со брзо темпо и уникатен визуелен стил. Со rogue-lite елементите и можноста за регрутирање на различни сојузници, секоја игра е ново искуство. Играта е совршена за љубителите на акција и стратегија.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Nerdook Productions
  • Издава: Surefire.Games
  • Жанр: Стратегија, roguelike
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезе на: 16 јануари 2025
Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top