Хрватско-македонскиот стартап Fueloyal имаше успешно претставување на Mobile World Congress во Барселона. Паметното капаче, iCap 1000, кое им штеди гориво на камионските превозници и спречува кражба, успеа да импресионира на две натпреварувања во Барселона, а стартапот доби шанса да оди во Њујорк на TechCrunch Disrupt.
Како што информира Игор Христов, македонскиот основач на Fueloyal, двата балкански стартапи кои беа присутни во Барселона победија околу 500-тина стартапи од ширум светот. Fueloyal заврши на 2-ро место на натпреварот 4YFN во категоријата на стартапи кои работат со Интернет на нештата, додека хрватскиот Photomath го освои првото место во категоријата за дигитални медиуми.
Но, тоа што е поважно за Fueloyal е што освои прво место на TechCrunch Мeetup во Барселона. Наградата за ова е шанса да се претстават на TechCrunch Distrupt во Њујорк, што е настан од огромно влијание за стартапите. Како што ни кажа Игор во претходните интервјуа, целта на Fueloyal е да го освои американскиот пазар каде превозниците губат по 8 милијарди долари годишно на кражба на гориво. Можеби презентирањето во Њујорк пред влијателниот TechCrunch и американски инвеститори, ќе им помогне да ја остварат целта.
За потсетување, Fualoyal е втор македонски стартап кој се претстави на Techrunch Distrupt во Њујорк. Пред него презентација имаше Ambio.me на Митко Цабевски. Но, можеби Fueloyal има поголеми жанси бидејќи е хардверски стартап кој работи на нов концепт, и има повреден пазар за освојување.







