Mалата Летонија се обидува да изгради уникатен стартап екосистем

Иако не е толку позната како стартап дестинација, малата балтичка земја Летонија (популација слична како Македонија – од 1.9 милиони) се обидува да излезе од сенката на својот далеку попознат сосед Естонија и да создаде еден уникатен стартап екосистем. 

Минатата година, најуспешните стартап компании во поглед на привлекување инвестиции во Летонија беа од областите на софтверот, алатките за оптимизација на деловните процеси и POD компаниите како Printful (првиот летонски еднорог, print-on-demand и dropshipping за е-трговија), Printify (уште една растечка онлајн платформа за печатење на барање и dropshipping за трговци, како и Lokalise (систем за локализација и управување со превод базиран на облак).

Историски, малата земја се покажа како моќен центар индустриски иновации каде што беа измислени и произведени револуционерни иновации, од светски познатата шпионска камера Минокс до првиот тежок повеќемоторен авион во светот создаден од познатиот авијатичар Игор Сикорски.

Благодарение на силните универзитети како што се Техничкиот универзитет во Рига, Институтот за електроника и компјутерски науки и Институтот за физика, Летоннија исто така создава кадар кој потоа успева да креира и успешни програми во академскиот сектор ,како и стартапи за длабока технологија. Земјата нуди и доста ИТ таленти и конкурентна работна сила, пришто повеќејазичноста е уште една посебна карактеристика на локалниот пазар на труд – покрај официјалниот јазик на земјата – летонскиот, 87% од Летонците на возраст под 35 години зборуваат руски, а 61% од луѓето од иста возраст зборуваат англиски, додека германските и скандинавските јазици се исто така широко распространети.

Четирите најголеми универзитети – Техничкиот универзитет во Рига, Универзитетот во Латвија, Универзитетот Рига Страдинс и Латвискиот универзитет за земјоделство – запишуваат повеќе од половина од студентите во Латвија. 

Развој на земјоделска технологија и агритех стартапите

Растењето на село е една од причините  за Алфија Кајумова да почне да занимава со земјоделска технологија, односно “агритех“.  Пред една година, Кајумова го основа GreenGrowth, стартап кој развива технологија за мапирање на земјоделскиот принос. Кајумова и нејзиниот тим успеаја да го развијат производот за помалку од една година, со цел да им помогнат на земјоделците да ја зголемат својата ефикасност.

„Земјоделството е една од најдинамично развиените индустрии, фокусирајќи се на решавање на предизвици како што се прехранување на растечката човечка популација и ограничените оскудни ресурси. Со нашиот производ, на земјоделците им даваме топлински мапи, како и аналитика за нивните полиња и им покажуваме како вистинскиот принос е распределен низ овие полиња“. објаснува Кајумова.

Започнувањето на бизнисот родната Летонија досега беше добар избор за почеток, а сега компанијата се фокусира и на пазари како што се САД и Јужна Америка.

“Нашата мисија е како да ги донесеме најдобрите најсовремени технологии во земјоделскиот сектор. Ова ќе обезбеди земјоделците да имаат можност да користат помалку инпути додека генерираат поголем аутпут, притоа почитувајќи ги долгорочното управување со почвата и идните генерации земјоделци. Ние веруваме дека не ја наследивме Земјата од нашите родители, туку дека само ја позајмуваме од нашите деца.“ потенцира Кајумова. 

Длабока технологија и вештачка интелигенција

ENOT е еден од најперспективните летонски стартапи за длабока технологија кои се појавуваат од земјата, развивајќи технологија за компресија и забрзување на невронската мрежа за edge уреди, како што се мобилните телефони и смартфоните.

Според извршниот директор и коосновач на ENOT, Сергеј Аљамкин, младата стартап компанија има за цел да го поедностави процесот на компресирање на невронските мрежи и да им овозможи на девелоперите да користат помали невронски мрежи кои истовремено ќе трошат помалку. 

За Аљамкин, она што е важно кога се работи за ваква технологија е не само да се создаде вештачка интелигенција за овие невронски мрежи, туку и тие да бидат прифатлива и можат да се користат на малите уреди. Од тука и идејата на ENOT за да создаде ваков тип на технологија кој ќе ги компресира големите и сложени невронски мрежи. 

“Ја основавме компанијата во Рига во јануари 2021 година, а минатата година имавме добар напредок. Спроведовме повеќе од 30 пилот проекти и имаме повеќе од десет комерцијални клиенти. Во моментов, имаме тим од седум програмери, што е релативно голем за стартап во почетна фаза. Сепак, не е толку лесно да се најдат програмери во Летонија, така што ние исто така потрошивме време да ги научиме оние програмери што ги имаме за да можат да работат на ова поле“, додава Аљамкин.

Acure е уште еден летон стаиртап за длабока технологија, кој развива алатка за следење на податоци, набљудување и автоматизација со низок код, користејќи AIOps (вештачка интелигенција за ИТ операции). Според извршниот директор на Acure, Николај Гањушкин, ваквата технологија има голем потенцијал за развој. 

“AIOps дефинитивно има одлична иднина во компаниите ширум светот. Моментално, околу 80% од она што го прави ИТ персоналот може да се автоматизира преку AIOps системите. Пенетрацијата на технологијата е сè уште многу мала и сите играчи на пазарот имаат шанса соодветно да се позиционираат. Во Летонија и балтичките земји има многу такви компании, и ние би сакале да имаме неколку високопрофилни клиенти  и дополнително да понатаму глобално да се прошириме.“ објаснува Гањушкин. 

Според него, Летонија е одлична земја каде што може да се започне, и претставува генерално добра средина за развој на ИТ стартапи.

“Сепак, Летонија е мала земја и тука има малку луѓе. Доколку Летонија би можела да создаде “виртуелна Летонија“ базирана на дигитална платформа, односно еден вид социјална мрежа на претприемачи кои можат да бидат каде било, но да развијат стартап во Летонија, тоа дефинитивно би помогнало за поголем развој на земјата.“ вели Гањушкин.

Според екосистем експертите, како што е Летонската стартап асоцијација, како и останатиот дел од Балтикот (Естонија и Литванија), така и Летонија се соочува со недостиг на работна сила во ИТ секторот, и затоа потребни се доста иницијативи за решавање на ваквите прашања и дополнителна мотивација и едукација на младите во земјата.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk