0 коментари 1 мин. читање

Titan X ќе биде најмоќната графичка картичка

Titan X ќе биде најмоќната графичка картичка на пазарот, вели Nvidia додека го најавуваше „титанот“ на Game Developer Conference 2015 која се одржува во Сан Франциско. Најавата на Titan X беше дел од презентацијата на Epic Games, а според веселата забелешка на Џен-Хсун Хуанг од Nvidia, морале да го направат ова за да одговорат на барањето на Тим Свини да дојдат и да ја спасат Game Development Conference.

Titan X ќе може да се справи со фотореализам, филм, видеоигри, архитектура, индустриски дизајн и виртуелна реалност. „На овој GDC се се врти околу виртуелната реалност, толку многу неверојатни демоа… и затоа е потребен фантастичен графички процесор“, Verge пренесува дел од говорот на г. Хуанг.

Новата графичка картичка доаѓо со 8 милијарди транзистори и 12 GB RAM. Повеќе податоци за Titan X може да очекуваме на GTC-настанот кој е закажан за 17 март и ќе трае до 20 март.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top