Mакедоника стартува e-библиотека за македонските класици и современите автори

4 коментари 1 мин. читање

Онлајн-библиотеката Книготека, која според Off.net.mk е „најважниот проект кој некогаш и се случил на македонската книжевност“, и која ќе стартува наскоро, околу Нова година, има за цел да го промовира македонското културно наследство и современото литературно творештво кон македонската, но и светската публика.

Проектот го стартува Фондацијата Македоника која вели дека објавените е-книги ќе бидат бесплатни со неограничен пристап за да може да се поттикне „нацијата да чита“. Покрај класиците, ќе бидат објавени и книгите на новите македонски автори на кои ќе им се помогне да се пробијат до поголема публика. Македоника вели дека ќе се креира ново писателско јадро „со нови форми за пишување и објавување на дела за кои издавачите немаат комерцијален интерес“.

„Создавање и развивање на најголема е-библиотека на македонски јазик – Книготека. Поставување на веб-сајт со БЕСПЛАТНИ е-книги каде за прв пат во историјата на едно место ќе се најдат најголемот број на дела напишани од македонски автори. Преку овој портал книгите ќе можат да се читаат на десктоп компјутер, лаптоп, таблети… На ова место ќе се објавуваат како актуелни книги, така и реобјавени дела кои веќе не постојат или ги нема во книжарниците и библиотеките а се од непроценлива важност за нацијата“.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top