0 коментари 2 мин. читање 18 декември, 2013

ИТ настан: Demo Day на стартапите на SuperFounders Skopje

Во среда, 18-ти декември, со почеток во 18:00 часот ќе се одржи Demo Day презентација на стартапите кои се дел од Start програмата на локалниот стартап акселератор SuperFounders Skopje. Пет македонски стартапи кои успешно ја завршија програмата, ќе добијат по 8 минути за презентации и по 7 минути за прашања од панел судиите кои ќе им даваат оценки според бизнис потенцијалот, пазарната предност, квалитетот на презентацијата и напредност на технологијата. Сите примени осум стартапи во Start програмата неколку недели беа тренирани од искусни ментори за да ја претворат идејата во реализиран прототип, но и во вештината тој прототип да го претстават и продадат на потенцијални инвеститори на стартап натпревари во регионот.

На настанот се поканети сите стартап ентузијасти. Стартапите кои ќе се претстават се:

  • AIDE.js е видео-конференциски систем во прелистувач.
  • Client Gear, решение за управување на интернет кампањи.
  • Theremind (ex. Brainminder), локациски потсетник за iOS.
  • Social Spot е друштвена мрежа за колаборација на ниво на компанија.
  • A-la-carte е решение за интеракција меѓу рестораните и гостите.

 

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top