1 коментар 2 мин. читање 28 октомври, 2021

ФИТР ја престави следната фаза – инвестициски фонд од 27 милиони евра

Инвестициски фонд од 27 милиони евра ќе биде дел од поддршката за македонските стартап компании  во период од 2022 до 2026 година.

Структурата на фондот ќе биде хибридна. Државата ќе учествува со 10 милиони евра, а 17 милиони евра ќе бидат дополнети од приватен капитал и меѓународни финансиски институции, а поддршка доаѓа и од Светска банка.

„Со поддршка на Министерството за финансии и Светска банка, ФИТР е во финалната фаза на креирањето на првиот хибриден Инвестициски фонд од 27 милиони евра, со фокус на стартапи и иновативни компании, кој е во рамките на усвоениот план за економски раст 2022-2026 на Владата на Р.С. Македонија, кој беше презентиран денес“

Со Инвестицискиот фонд ќе управува меѓународно избрано друштво за управување со фондови, кое е регистрирано согласно Законот за алтернативни инвестициски фондови во ЕУ. Ова е продолжение на праксата на Фондот за иновации и технолошки развој, кој имаше слично тело кое решава за инвестициите во стартапите и компаниите.

Инвестициите на фондот во компаниите ќе се движат од 100 илјади до 1,5 милиони евра, а почетокот на инвестирањето е најавен за втората половина на 2022 година.

На 18 октомври започна со работа и групата чија цел е креирање на првата Национална стратегија за вештачка интелигенција во државата.

„Вештачката интелигенција ќе биде во фокусот на работењето на Фондот во следниот период. Неодамна заврши и првиот јавен повик на ФИТР за дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција, а за следната година веќе е во план и креирање на посебен инструмент за поддршка на стартап компаниите кои работат со вештачка интелигенција во земјава“, објавија од фондот.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top