Аpple изгуби на суд од Samsung; судбината на iPhone и iPad е во рацете на претседателот Обама

во Свет

Интернационалната трговска комисија (ITC) пресуди дека Apple прекршил патенти на Samsung за безжично 3G пренесување на податоци на повеќе уреди во исто време. Одлуката може да значи забрана на продажбата на iPhone и iPad во САД, иако Apple има 60 дена да се обжали кај претседателот на САД, пренесува BBC.

ITC нареди прекинување на увозот и продажба на iPhone 4, iPhone 3, iPhone 3GS и iPad 3G и iPad 2 3G моделите кои ги продава AT&T во САД. Интересно, забраната важи и за уреди кои веќе не се продаваат во сад како iPhone 3, но не и за iPhone 5.

Сите вакви одлуки на ITC кои се поврзани со увоз на продукти мора да бидат прегледани од американскиот претстедател Барак Обама. Иако г. Обама е фан на BlackBerry, тој издаде претседателски препораки за подобри регулативи на патентите за да ги стопира патент војните меѓу ИТ компаниите, и да ја стимулира иновацијата. Еден предлог вели дека забраната на „софиститициран продукт како паметен телефон“ е проблематична бидејќи царинарниците нема да можат да разликуваат нов редизајниран модел од постар модел.

Патент војната меѓу најпрофитабилниот производител на паметни уреди Apple и најголемиот производител на мобилни во светот Samsung трае веќе со години, со спорови стартувани во 10 земји. Иако соработуваат во производство на делови за iPhone, двете компании се и најголеми ривали на пазарот на паметни телефони. Претходно, суд во САД му нареди на Samsung да му исплати на Apple 1 милијарда долари заради прекршување на патенти. Казната беше намалена на 600 милиони долари по обжалувањата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments