1 коментар 2 мин. читање

Facebook ќе стане побавен поради префрлувањето на сите милијарда корисници на HTTPS

Facebook се реши да ги префрли сите корисници на HTTPS (Hypertext Transfer Protocol Secure) протоколот на кој работи веќе две години. Причината зад ова е едноставна. Facebook работите со огромен број на лични податоци на 1 милијарда корисници и истите сака да ги заштити, или да ги направи побезбедни, иако во тој процес на префрлување на корисниците да користат безбедносен протокол ризикува и да изгуби дел од брзината на користење на сервисот.

Facebook веќе подолго време им нуди на корисниците да изберат да го користат HTTPS како стандард кога го користат нивниот сервис. За да го активирате, само селектирајте го полето „Browse Facebook on a secure connection when possible“ кое се наоѓа во Account Settings → Security → Secure Browsing. Но, друштвената мрежа сака побезбедниот HTTPS протокол дабиде по задедено активиран или default, па преку истава опција во иднина ќе може да го исклучите HTTPS и да имате побрзо прегледување на мрежата.

„Ова е далеку од едноставна работа за да се овозможи оваа опција на повеќе од милијарда луѓе, а стабилноста и брзината да останат како што се, но сепак активно работиме и имаме напредок од ден во ден. Целиот овој процес можеби ќе ја намали брзината, но имаме направено неколку подобрувања во нашата инфраструктура за балансирање на вчитувањата, со цел да го ублажиме тоа што го предизвикува миграцијата на HTTPS“, вели Фредерик Воленс, за TechCrunch.

Доколку сè уште користите небезбеден протокол, препорачливо е да ја овозможите опцијата за безбедносно прелистување на Facebook и да избегнете евентуална штета. Ова е строго препорачливо доколку користите јавни Wi-Fi мрежи и лесно може да се дојде до вашите кориснички информации.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top