Anonymous застана во одбрана на Газа, нападнаа илјадници израелски сајтови

Израел е под сајбер опсада, или 44 милиони сајбер напади како што велат тамошните власти, откако се обновени воздушните напади врз Газа, јавува Reuters.

Oвој пат не се работи за Хамас кои покрај ракетирањето се препукуваа со Израелците на Twitter, туку и сајтови се мета на хактивистите Anonymous кои тврдат тврди дека во операцијата наречена OpIsrael успешно се извршени напади врз владини и приватни веб страни, но и врз страната на банката Ерусалем, а најголем успех е бришењето на базата на податоци на Министерството за надворешни работи. Покрај ова групата тврди и дека срушила и дифејсирала над 9.000 страни, иако оваа бројка варира од околу 700 сајтови до неколку илјади според различни медиуми.

Во соопштението од Anonymous стои дека директен повод за нападот врз Израел е заканата на Израел за прекин на теле-комуникациската и интернет мрежата во Газа. The Next Web  јавува дека дел од страните кои се најдоа под напад, сè уште се  дифејсирани или паднати. Нападите на Anonymous традиционално се DDoS, а групата во некои твитови тврди дека над 10.000 страни се зафатени од нападите.

Една од базите на податоци кои се објавени од хактивистите се членовите на Unity Coalition of Israel, про-израелска донаторска група, a базата на подaтоци која е објавена содржи околу 3.000 имиња. Дел од објавените имиња се на сенатори на САД, како Спенсер Абрахам  или Кристофер Бонд, но и многу други сенатори.

Објавени се и податоци на 5.000 владини службеници, бидејќи Израел ги игнорирал предупредувањата за нарушување на човековите права. Во пораката во која се објавени линковите Anonymous се закани и дека ноември ќе биде месец кој одбрамбените и интернет безбедносните сили на Израел ќе го запомнат, со порака до Владата на Израел дека започнуваат со сајбер-војна.

Најбројни се нападите на IDF (Israel Defence Forces) и на останатите страни на војската со 10 милиони, следат Министерството за надворешни работи на Израел со 7 милиони и 3 милиони напади на страната на премиерот. Вообичаен број на напади за овие страни е десетина во денот. Од страна на Израел е потврден само еден успешен напад на неименувана страна, но и таа е функционална по десетина минути. Одделот за заштита од напади работеше под специјален режим за да ги одбрани владините страни и податоци.

„Војната се води на три фронта. Првиот е физички, вториот е на друштвените мрежи, а третиот е сајбер делот“, изјави Кармела Авнер CIO на Mинистерството за Финансии.

Ова е второ објавување на сајбер-војна од страна на хактвисти, откако неодамна Ghost Shell и објавиja војна на Русија.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk