Знаејќи дека iOS нуди подобро искуство за развивачите, не е нималку изненадувачки фактот дека на Android му фалат квалитетни апликации како кај iOS, иако има и добри алтернативи за истите. Но, со оглед на тоа дека пазарот е презаситен од Android уреди, развивачите мора да размислуваат и за овој оперативен систем кој нималку не смеат да го изостават. Сепак се работи за 50 посто од пазарот на западот, што претставува огромен дел од колачот.
Во интервјуто на The Next Web со Two Toasters, компанија која во својата кариера има развиено повеќе од 50 апликации за компании од секаков вид, вклучувајќи го и популарниот сервис Airbnb, а само четири се развиени и за Android, се постави прашањето за кои се најголемите предизвици за да се преработат апликациите од iOS на Android?
„Голем технички предизвик е развивањето на Android апликација базирана на iOS, е добивање на iOS дизајнот кој ќе работи добро на различни резолуции на екранот“, објаснува Фред Медлин, Android развивач во компанијатан.
Според г. Медлин, најголем проблем е фрагментацијита на Google-овиот мобилен оперативен систем.
„На iOS имате неколку големини, па луѓето користат различни битмапи во зависност од големината на телефонот што го имаат. Додека, кај Android постојат повеќе варијанти, па мора да се води сметка за различните големини. Згора на се, постојат илијадници firmwarе-и и различни телефони што работат на Android и корисници кои го надградуваат својот оперативен систем, многу помалку, отколку некој што има iOS“.
Развојот на Android апликацијата на Airbnb, од почеток до крај, им одзеде околу пет месеци, а единствен проблем им претставувал бројот на различни Android уреди и различниот оперативен систем што го користат, па морале долго време да поминат во тестирање на апликацијата на различни Android паметни телефони.
За крај, од Two Toasters најавија дека работат на започнување на стартап, во кој ќе ги преработат iOS апликациите за Android платформата.







