По месеци шпекулации, по долги одвлекувања што го натераа главниот дизајнер ? да си даде отказ од Facebook, конечно, по 18 месеци спремање, сега е претставена Facebook за iPаd aпликација.
За разлика од помалите мобилни уреди, iPad-от има екран кој може да ги собере сите опции кои што ги има друштвената мрежа и да го прикаже фидот со вести како што е замислен – поедноставен, помалку натрупан и со фотографии во висока резолуција. Покрај тоа сега има подобрена навигација со лизгање на екранот.
Апликацијата освен што од десната страна го има менито со настани, пораки, окации, пријатели, фан страни, опции за профилот, има и чет опција и можност за играње игри и користење на апликации на цел екран, благодарение на новата мобилна платформа на Facebook со кликање на линк на апликацијата, споделен од пријателите, ќе бидете директно префрлени на самата апликација. Има можност за гледање видео со висока резолуција, можност да се снима HD видео и да се стрима на AirPlay уред.












Вчера излезе и верзијата за Андроид.