Zynga станува независна, стартува своја платформа за друштвени игри

во Друштвени мрежи

Project Z на Zynga ќе биде платформа за друштвени игри, независна од друштвените мрежи. Играчите ќе можат да си ги префрлат започнатите игри од Facebook на Project Z без проблем, без да ги изгубат соберените виртуелни ресурси и постигнатите задачи, фарми, мафии или разно-разните дејности од игрите.

Zynga не открива кога ќе биде официјално стартуван Project Z. Тоа што се знае е дека ќе биде како мини друштвена мрежа, пријателите ќе можат да си четуваат и да си споделуваат информации за игри, и на неа ќе може да се логираат преку Facebook Connect, односно со Facebook профил.

Покрај тоа што Project Z ќе има и ексклузивни игри кои ќе ги нема на другите мрежи, тоа што е важно е што Project Z ќе користи своја виртуелна валута, односно ќе се избегне користењето на Facebook Credits и Zynga ќе нема да мора да плаќа 30 отсто од секоја трансакција на Facebook.

Project Z е дел од стратегијата Zynga Direct. „Toa e платформа за директна врска меѓу корисниците без врска дали се на веб или на мобилен, за да ви даде целосно искуство со соберени пораки и друштвеност околу играта, а не само во играта.“, вели директорот на Zynga, Марк Пинкус.

Zynga исто така претстави неколку нови игри на Zynga Unleashed настанот. Се претставени CastleVille, Zynga Bingo, Hidden Chronicles и второто продолжение на Mafia Wars. Се претставија и неколку игри во HTML5 што ќе овозможи побрза игривост преку прелистувач.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments