Конечно Facebook објавија надградба на својата Android апликација, која може слободно да се каже, многу заостануваше позади таа за iOS. За разлика од досегашната, новата е нативна апликација, за разлика од претходната која се базираше на HTML5.
Со оваа ажурирање, сега корисниците на Facebook за Android побрзо ќе ги вчитуваат фотографиите и останатата содржина која оди на времепловот. Од компанијата велат дека новата апликација е за двапати побрза од претходната во прегледување на фотографии и самото движење низ платформата, но изгледот е ист. А друго новост е индикаторот што се појавува на врвот кога има нови објави.
Новата апликација е достапна во Google Play маркетот, па можете слободно да ја инсталирате и самите да го осетите напредокот во односот на старата верзија.








