Дали Dropbox го купи музичкиот стартап Audiogalaxy за да стрима музика од облак?

во Веб, Свет

Dropbox го купи музичкиот стартап Audiogalaxy. Цената сè уште не е позната, но изгледа дека од Dropbox имаат некои планови поврзани со споделување на мултимедија, а можеби и музичко складиште?

Audiogalaxy, за тие што не се запознаени, е еден од пионирите помеѓу сервисите за споделување на музика кој на некој начин претставува веб базиран peer-to-peer клиент. Сервисот веќе ги има забрането регистрациите на својот сервис, а плеј-листите што ги имаат креирано корисниците ќе бидат достапни до крајот на годината, додека целиот сервис ќе биде исклучен некаде во текот на 2013 година. За да се користи Audiogalaxy, односно да се стрима музика на мобилни уреди, потребно е корисникот првин да инсталира софтвер на PC. Слично функционира и Dropbox за кој е потребен десктоп клиент, па логичното прашање е дали овие два сервиса ќе бидат споени?

„Во текот на претходните години изградивме прекрасно музичко искуство на веб-от и мобилните уреди, и прикупивме лојални корисници ширум светот. Возбудени сме околу приклучувањето на прекрасниот тим на Dropbox и да им овозможиме нови искуства на стоте милиони Dropbox корисници.“, пишува во блог написот на Audiogalaxy.

Tимот на Audiogalaxy го имаше креирано и сервисот Foldershare, кој беше сличен со Dropbox и истиот беше купен од Microsoft во 2005 година. Тогашниот тим на Audiogalaxy го напушти Microsoft во 2008 година и го стартуваше овој музички сервис. Останува уште да видиме што ќе направат од Dropbox со Audiogalaxy.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk