Европа ќе го релаксира правилата кои се однесуваат на користење паметни уреди во текот на летањето со авион, јавува BBC. Доколку сте во групата луѓе кој многу тешко, се одвојуваат од својот паметен телефон или таблет, новите препораки на Европската агенција за воздушна безбедност ќе ги дочекате со нетрпение. Наскоро патниците со авион ќе можат да ги користат своите паметни уреди дури и кога авионот ќе полетува и слетува, а не само во текот на летовите.
„Ова е голем чекот на патот за проширување на просторот за користење на електричните уреди во авионите без опасност по безбедноста.“, вели Патрик Ки, директор за EASA.
Станува збор за Airplane Mod кој го имаат сите паметни уреди, а зборувањето или СМС пораките сè уште не се дозволени, пред се бидејќи постои опасност од радио пречки на инструментите на авионот. Новата регулатива со која уредите ќе се користат во авионите се очекува да дојде на сила од следниот месец.







