Популарноста на емотиконите не е новитет, но емотиконите стануваат најпопуларна форма на изразување на друштвената мрежа за фотографии Instagram. Нивното користење е толку често што е можно наскоро да постанат најпопуларен и универзален јазик кој се користи на платформата. „Ова е ретка можност, да се набљудува креирањето на нов јазик. Емотиконите претставуваат валиден и речиси универзален метод за изразување на речиси исте јазици“, вели Томас Димсон на блогот на Instagram.
Најголемо зголемување на емотиконите се забележува откако Apple во 2011 година ги воведе емотикионите во iPhone тастатурата и во 2012-та веднаш по воведувањето на емотикони на Android тастатурата. Тоа што е можеби поинтересно е како се справуваат корисниците со ограничениот број на емотикони кои им се на располагање, но и дали емотиконите имаат исто значење за корисниците кои зборуваат различни јазици. Недостатокот на симболи корисниците успеваат да го надминат со користење на нивни комбинации кои слично на зборови во реченица добиваат ново значење, а аналилитичарите во Instagram со помош на алгоритми се обидуваат да ги споредат емотиконите и да ги мапираат. Најмногу и најчесто емотикони користат Финците, кои дури во 60 отсто од текстот користат и „сликички“.
„Толку многу фасцинантни прашања се поставуваат, а убеден сум дека лингвистите ќе бидат зафатени во следните години. Како што додаваме нови емотикони во дијалектот, ќе дознаеме како екстра симболите ќе го обликуваат нашиот начин н комуникацијата. Дали најголем број од емотиконите имаат исто значење за сите јазици? Ако е така дали емотиконите ќе постанат универзален начин на комуникација?“









