0 коментари 2 мин. читање 5 мај, 2015

Прво додаток за Apple Watch е ремче кое ја полни батеријата

Еден од првите додатоци кои ќе доаѓаат на Apple Watch би можело да биде можело да биде ремче за часовникот, со кое побрзо би се полнела испразнетата батерија. Apple Watch доаѓа со полнење со помош на магнетна индукција, но има скриена порта која овозможува побрзо полнење, вели 9to5mac.

Reserve Strap, креаторот на ремчето, најавува дека станува збор за единственото ремче кое го полни часовникот додека го носите. Ремчето е своевидна дополнителна батерија која го полни часовникот без притоа да има потреба за прекин на работата. Тоа што е интересно е дека 6-пинскиот конектор овозможува побрзо и поефикасно полнење на батеријата од она што Apple го има имплементирано во Apple Watch.

„Нашите инжинери потврдуват дека 6-пинскиот скриен конектор на Apple Watch може да се користи за полнење на часовникот. Reserve Strap ќе го искористи ова со едноставен конектор, наместо оригиналната замисла за индуктивно полнење. Со ова е овозможен поголем капацитет, поефикасно и побрзо полнење, но и поиздржлив уред без интерференција со функционалноста на Apple Watch.“

Очекувано цената на додатокот ја следи цената на часовникот, па Reserve Strap ќе биде достапен за се чини превисоки 250 долари.

This is the Reserve Strap. from Reserve Strap on Vimeo.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top