Emit Knowledge е нова .мк друштвена мрежа на која се споделува знаење

Ќе може ли друштвена мрежа посветена на знаењето да стане хит меѓу корисниците и да ги замени Facebook, Twitter, LinkedIn и другите мрежи на кои секојдневно сме преплавени со информации кои немаат никаква вредност? Прашањето им го поставуваме на софтверскиот инжинер Марјан Николовски и веб програмерот Сашо Михајлов, основачи на новиот македонски стартап Emit Knowledge, кои велат дека друштвените мрежи треба да креираат заедници.

Што е Emit Knowledge?

EmitKnowledge е друштвена мрежа чија основна и единствена цел е да овозможи споделување и консумирање квалитетна содржина, споделена од корисниците.

Велите дека мрежата ќе се базира на квалитетни информации и социјализирање. Зарем тоа го немаме веќе на другите друштвени мрежи, кои иако се претрупани со информации, сепак зависи од корисникот кои информации ќе ги следи и споделува?

За разлика од останатите друштвени мрежи кои се од општ карактер и каде секојдневно се споделуваат разни содржини, EmitKnowledge тежнее да изгради заедница од корисници кои се расположени да учат и да споделуваат знаење.

Идејата е корисниците да ја користат платформата за социјализирање врз основа на заеднички интереси кон одредени области и споделување содржина од области од кои самите корисници имаат одлично познавање.

[youtube]V-9ORmY9ryw[/youtube]

Кои функционалности нуди Emit Knowledge, конкретно да го споредиме со најпопуларните Facebook и Twitter?

EmitKnowledge го стартувавме со основни функционалности кои треба да придонесат за полесно поврзување и споделување содржини. Во тековната верзија нудиме шест апликации и пребарување:

Stream – Апликација која ги прикажува последните содржини објавени од корисникот и овозможува споделување содржини. Постојат три типа на Stream:

  • My stream: Содржина споделена од корисниците и RSS-ите на кои сте претплатени;
  • Global emits: Содржина споделена од сите корисници во системот;
  • My interests: Содржина која ви ја предлага системот согласно вашите интереси;
  • Stream reader: RSS читач на статии споделени од RSS-ите во EmitKnowledge;

Што се однесува до содржината што е видлива на Stream-от, постои можност да се гласа позитивно или негативно за одредена статија, достапно е на увид  кој гласал за одредена содржина, споделување на истата  на нашиот Stream (Reemit), коментирање, маркирање за подоцнежно читање или пак споделување на содржината на Twitter, Facebook или LinkedIn.

Постојат два начина за споделување содржина:

  • објавување кратка содржина;
  • објавување блог статија;

Inbox – Апликација која ви овозможува да започнете конверзација со останатите корисници на EmitKnowledge. Тековно апликацијата поддржува конверзација ’еден на еден’ и групна конверзација.

Notes – Апликација која служи да си запишете забелешки и да се служите со истите.

Read later – Апликација каде се зачувуваат содржини кои сметате дека се интересни но во моментот немате време да ги прочитате.

Emitters – Апликација каде што ги подесувате вашите претплати. Тука може да пребарате Emitter-и (корисници и RSS-и) регистрирани во системот и да се претплатите на истите. Воедно, апликацијата нуди можност да одлучите дали содржината од одредени Emitter-и ќе ви се прикажува на Stream-от, дали е видлива за останатите корисници и, секако,  да ја избришете претплатата од одредени Emitter-и.

Receivers – Апликација која прикажува кои корисници се претплатуваат на вашата содржина.

(Ова е глобалниот стрим на Emit Knowledge, на кој се појавуваат сите споделени содржини)

Видов на профилот дека има опција за Emmitters и Recievers. Кој е што и каква улога игра?

Секој корисник во EmitKnowledge по дефиниција е ‘emitter’. Под поимот ‘emitter’ се подразбира лице кое емитува содржина во системот. Доколку се претплатите на одреден корисник за да ги добивате неговите содржини, тогаш за корисникот на кој сте се претплатиле вие станувате ‘receiver’ на неговите содржини.

Последично, апликациите Emitters и Receivers служат за подесување и преглед на Emitter-и и Receiver-и. Emitters е апликација каде ги подесувате вашите претплати, додека пак Receivers е апликација каде што може да видите кој е претплатен на вашите содржини.

Како ќе гарантирате т.е. се справите со приватноста на корисниците? Дали тие ќе можат да си ја заштитат својата информација од туѓи очи, и зошто не?

Со оглед на тоа дека содржината што се споделува на EmitKnowledge  е од информативно-образовен карактер, а не од приватен карактер, истата останува јавна. Сакаме сè што ќе се сподели во EmitKnowledge  да биде достапно до сите што имаат пристап до интернет, тоа е дел од нашата мисија.

(Вака изгледа профил на Emit Knowledge)

Што е следното за Emit Knowledge? До која фаза сте на изработката? Колку луѓе сте зад Emit Knowledge?

Со пуштање на EmitKnowledge ја заокруживме првата целина од платформата. Сега влегуваме во втората фаза, во која ќе работиме на подобрување на функционалностите и промоција.

Сепак приказната не застанува тука. Реализирани се само 10% од целата идеја. Периодично ќе изненадуваме со нови и интересни функционалности. Тековно екипата зад EmitKnowledge е составена од двајца софтверски инжинери, дизајнер и секако, нашите пријатели кои ни помагаат во секој аспект од продуктот.

Многу стартапи со кои сме разговарале секогаш размислуваат како да се пробијат надвор од Македонија. Дали и вие така размислувате, или ќе се обидете да ги привлечете македонските корисници на вашата мрежа?

Дефинитивно размислуваме и работиме на тоа да го промовираме EmitKnowledge во светски рамки. Почетокот е секогаш тежок и, се разбира,  ќе биде потребно време додека EmitKnowledge „исплива” на површина и стане впечатлив продукт во светски рамки.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
12 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
GoodBytes
GoodBytes
12 years ago

Интересна идеја, им посакувам успех.

sashozs
sashozs
12 years ago

Не си се ни зачленил, а кажуваш приказни. Кај нас таквите како тебе ги викаат „бајачи“.

Јас се зачленив и можам да ти кажам дека Стримот е сличен на ФБ, ова со transmitters/receivers е слично на twitter, а со LinkedIn не видов ништо посебно слично, освен боите на темплејтот.

За заменување, се сложувам, ниту може да замени нешто, ниту тоа му е целта. Нема што да се решава по тој основ.

И гледам, кажуваш што не сакаш да видиш на ваков сервис, а никаде не гледам – што сакаш да видиш?

Или и ти само сакаш да критикуваш, плукаш и правиш теории за крајот на светот, без претходно да собериш факти? А бе не си се ни регистрирал, ало. На кој основ критикуваш, на слики? Ти кажав, тоа кај нас се вика баење, а ако си бајач, отвори си бајачилница, барем ќе им земиш добра пара на простата раја, ама дај не баи по Интернетов.

Mende
Mende
12 years ago
Reply to  sashozs

А таквите како тебе кај "нас" се викат неписмени, го цитирав текстот погоре каде што пишува "…да ги замени Facebook, Twitter, LinkedIn …". И алудирав на тоа дека страната е комплетно друг niche кој нема врска со трите горе напоменати страни, и давање изјава "да ги замени" неправи никаква смисла.

Не алудирав на сличности или копирани работи! Кај ти се прочита тоа? Кај си учел основно? во Пустец?

Сакав да напишам што сакам да видам но се премислив, зошто да давам бесплатни идеи? Но ете да престаниш да плачипичкосваш, на пример би сакал да видам алатки за колаборација, видео конференција итн.

Прво прочитај што сакам да кажам после коментирај *****.

Ајде сега излези од визбата на мајка ти и оди играј лебчиња во маало.

Mende
Mende
12 years ago

За заедница наменета за споделивање знаење некако ми личи на лоша верзија на твитер со наместо Followers и Following, Emitters и Receivers, ова не се функциите што сакам да ги видам во ваква мрежа.

И незнам кој идиот ја дал изјавата, "да ги замени Facebook, Twitter, LinkedIn " ???? Едната е социјална мрежа другото е микроблогинг сервис а третото е бизнис мрежа. Што ќе заменва??? Решете прво!

Не се зачленив (ме мрзи) гледам од сликите приложени погоре. И ајде сега онлајн хипиците: "Наместо да подржувате македонски, бла бла бла" Кога ќе видам нешто оригинално кое може да има влијание ќе го поддржам, ова е осудено на пропаст и во најмала рака дебилно.

PS. До Виктор Дано, кај ти се виде .МК бе друже???? Одиш по основ дека е креирано во македонија? По иста основа пола интернет треба да е .ИН .ПК пошто еден куп сервиси ги работат програмери во индија и пакистан.

Dymy
Dymy
12 years ago
Reply to  Mende

PS. До Виктор Дано, кај ти се виде .МК бе друже???? Одиш по основ дека е креирано во македонија? По иста основа пола интернет треба да е .ИН .ПК пошто еден куп сервиси ги работат програмери во индија и пакистан.

Хаха да … кај му се виде .мк … целиот сајт е на англиски ништо нема македонски…. само основачите потекнуаат од македонија..

@alekgev
12 years ago

Од кај бе толку песимизам :) ?!? Позитивни први импресии, интересен минималистички дизајн и добра идеја која ќе мора да се надоградува и да се продолжи да се работи на овој сервис/мрежа. Бравос и главен акцент на пласман во странство.

kamenko
kamenko
12 years ago

bravo,mnogu go podrzuvam.sekoj cest.
ona drugoto(fb i dr) e cisto gubenje vreme, a vremeto nema cena,za zal .
ne mozeme da go kupime,a da naucime nesto novo e sekogas korisno.
so srekja i samo napred

Valter
Valter
12 years ago

Значи иста приказна, мора секој .мк продукт што ќе излезе на пазарот да се понижи до максимум наместо да се подржи. Срамота!!!

viktor
viktor
12 years ago

Без навреда, секоја чест за трудот, ама ова е осудено на пропаст…
Вистината е дека навиките на луѓето многу тешко се менуваат. Мислам дека платформата не нуди доволно добра причина да почнат да ја користат.

Злате
Злате
12 years ago
Reply to  viktor

Секој почеток е тежок и секоја чест на ентузиастите што започнале еден ваков проект, Не се согласувам со претходниот дискутант , Навиките на повозрасните тешко се менуваат но младите сакаат нешто ново и навистина со содржина а не глупав дискусии .Светот на истражувањето и знаењето е огромен предизвик за секој млад човек и е многу поинтересен од се друго.Лјубопитноста Ве тера напред а напред се оди само со промени . Треба да се знаат основните начела каде се внесуваат промените а тоа е во животниот циклус на секој систем .Посебно внимание треба да се обрне на факторот време како димензија затоа што таа оди многу брзо, кога ќе се свртиш веќе си остарел затоа ценете ја таа димензија како многу битна и не си ја трошите џабе за да не ви е после криво,
Поздрав Философ

viktor
viktor
12 years ago
Reply to  Злате

Токму поради тоа што времето е скапоцено, а платформата не нуди доволно добра причина за тие да се посветат на неа, овој проект ќе пропадне. Тоа што навиките на младите луѓе полесно се менуваат од оние на постарите не е никаков аргумент во врска со оваа апликација.

sashozs
sashozs
12 years ago
Reply to  viktor

Проектите пробаѓаат од тврди глави, како твојата.

Идејата е бесценета. Младите сакаат да учат. А верувај ми и постарите. Единствен проблем е тоа што на многумина им е поинтересно да седат на ФБ и да џаболебарат. Е па приклучи им се на тие многумина и тргни се од патот на некој кој е со добра идеја. Многу е малодушно да кажуваш такво нешто, па по 2 ипол месеци (што, се разбира е прерано за евалуација) да велиш „Реков јас дека нема ништо да биде…“ Ти си еден од оние кои го предвидуваат крајот на Светот. Е па имам една порака за тие како тебе: „Го преживеав крајот на Светот неколку пати досега, ќе го преживеам и на 21-12-2012, а вие господа, до кај 25-ти ќе 'ја најдете грешката' и ќе објавите нов датум :)“. Терај-маткај, предвидувај неуспеси на други места.
Треба време, а точна е и веројатноста проектот да не стекне популаронст, ама најголема грешка е да се стартува со негативен став. Од такви како тебе државава е закочена.

И еден прекор за авторот на текстот. Пишуваш толкава статија, а никаде не видов линк/URL. Дури и да има, кога не сум успеал да го видам, значи е поставен на ужасно лошо место. Ако им помогнеме на таков начин, теоретичариве за крајот на Светот ќе испаднат во право.
За да не лаам џабе, еве јас ја завршив таа работа. Значи, адресата на Emit Knowledge e
http://www.emitknowledge.com