0 коментари 2 мин. читање 21 август, 2012

Видео четот ooVoo сега има 54 мил. корисници, планира да додаде ТВ и гејминг

Сервисот за групно видео четување ooVoo дневно додава по 100.000 корисници, и има вкупно 54 милиони луѓе кои сега преку подобрените Android и iPhone апликации ќе може да комуницираат во високо-квалитетни чет сесии меѓу 4 корисници. Покрај мобилните апликации кои ги користат 50 отсто од корисниците, ooVoo може да се користи и преку Facebook, Mac и PC десктоп апликации.

Растот на сервисот ја охрабри компанијата да ги следи своите амбиции. Претседателот на ooVoo, Џеј Самит вели за GigaOm, дека планираат да додадат дополнителна содржина за да може повеќе да ги задржат луѓето на сервисот.

„Половина од нашите корисници заедно гледаат телевизија. Ние сме им вториот екран.“

Многумина корисници на сервисот започнале да ги снимаат телевизиските емисии за да ги споделат со свите пријатели. Затоа ooVoo ќе се обиде да им обезбеди на корисниците поквалитетен пристап до телевизиска содржина. Но, нема да застанат само тука. Сервисот ќе се обиде, преку соработка со трети странки, да додаде и видео игри и можност за состаноци.

[youtube]eb3dkrunKsE[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top