Јапонскиот гигант Panasonic претстави Android апликација која ќе им овозможи на корисниците со помош на паметни телефони да управуваат со работата на уреди за домаќинство произведени од оваа компанија. За почеток апликацијата опфаќа микро печки, клима уреди, фрижидери и различни монитори за работа на срце.
Заедно со апликацијата најавени се и серија нови уреди кои во целост ќе ја користат поврзаноста со „облакот“ и паметните телефони. Како прва е најавена „паметната“ машина за перење koja ќе биде претставена на 25 септември, а најавени се и фрижидер и клима уред во следните месеци.
Покрај зголемената удобност при вклучување или гасење на овие уреди, Android апликацијата овозможува и проверка на ефикасноста при работа на уредите. Истотака како дел од подршката дел од апаратите ќе имаат и услуги преку „облакот“, на пример апаратите за готвење ќе имат достапност до рецепти и совети за начин на готвење.
За жал, за почеток овие услуги се ограничени на Јапонија, но за во иднина ќе се прошири покриеноста со овие услуги. Апликацијата е најавена за втората половина на септември.