ИТ настан: EESTEC LC Skopje го организира Т4Т во Охрид и Скопје

во ИТ.МК

T4T или Training For Trainers e интернационален настан во кој учество може да земат студентите од електротехничките факултети и кои се членови на студентската организација EESTEC (Electrical Engineering Student’s European Association). Настанот кој се смета „за најдобар, најоригинален и наједукативен“ ќе трае од 20 до 30 октомври, од кои првите 5 денови учесниците ќе бидат сместени во Охрид, а последните пет во Скопје.

На шестиот T4T по ред, тренинзите ќе ги држат 6 интернационални тренери на EESTEC кои на пријавените студенти од различни локални комитети од Европа, ќе ги запознаат со комуникациските вештини, како да зборуваат пред публика и да се претстават во пошироката јавност, како и да се стекнат со вештините за држење на тренинзи во рамките на EESTEC.

„Ова е едукативен настан кој кај заспаните ги пробудува нивните тренерски способности, а кај оние другите, кои се свесни за нив, ги издигнува на уште повисоко ниво. Или како што би се рекло, „Еден ден тие учат од тебе, а веќе следниот те учат тебе”. Останува да видиме дали нашите амбициозни ученици е ги надминат сопствените граници и ќе станат подобри од своите тренери”, се вели во соопштението од EESTEC LC Skopje.

Учевсто ќе земат членови од секој локален комитет на ЕЕСТЕК од Атина, Истанбул, Анкара, Белград, Краков, Гливице, Минхен, Хамбург, Цирих, Бања Лука, Рига, Сараево и секако, двајца претставници од ЛК Скопје.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments